Италија бара изземање на Ferrari, Lamborghini, Pagani … од забраната за мотори со внатрешно согорување

ОБЈАВЕНО НА:

Електрификацијата е иднината, барем така сега стојат работите. Но, некои производители на спортски автомобили сметаат дека забраната за користење на мотори со внатрешно согорување значи губење на идентитетот, бидејќи ќе го нема препознатливиот звук на моторот. Од друга страна тие произведуваат ограничена серија на возила кои немаат големо влијание врз загадувањето.

Италија преговара со Европската унија за изземање од законот за отстранување на автомобили со мотори со внатрешно согорување од Европа пред од 2035 година. Ова го изјави Роберто Чинголани, кој е министер за животна средина во Италија, како и поранешен член на Одборот на директори на Ferrari, во неодамнешното интервју.

Неговата цел е брендовите кои произведуваат малку и ограничени серии да не бидат опфатени со правилото со исфрлање на моторите со внатрешно согорување, и тоа во моментот најмногу ги засега брендовите како што се Ferrari, Lamborghini и Pagani.

Чинголани смета дека на овие автомобили им треба многу специјална технологија за батерии. Тој додава дека годишното производство на вакви автомобили е многу пати помало од масовните производители. За разлика од нив, овие италијански брендови имаат ограничен пазар, за разлика од другите производители, кои нудат различни модели.

Во разговор за Блумберг, извршниот директор на Porsche, Оливер Блум, вели дека таквиот исклучок едноставно не е разумен. Електричните автомобили не само што имаат повисоки перформанси отколку автомобилите со согорување, вели тој, туку секој треба да даде свој придонес во борбата против климатските промени. Тоа ги вклучува компании како Ferrari и Lamborghini, дури и ако не произведуваат толку многу возила.

Lamborghini e дел од групацијата на VW, исто како и Porsche. Сепак, бавната електрификација на италијанскиот производител на автомобили не е грешка. Компанијата сака да ги намали емисиите на штетни гасови за 50 проценти за четири години, но главниот директор за технологија на компанијата, Маурицио Реџиани, вели дека V12 е од суштинско значење за идентитетот на компанијата и дека нема да се откаже од него без борба.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK