Истражување во Германија: Пристапот без клуч лесно се хакира!

ОБЈАВЕНО НА:

Експертите од германски ADAC го тестирааа потенцијалот на системот за пристап без клуч (key-less) до 237 модели. Од нив 230 не успеаја да ги минат барањата.

Функцијата на пристап без клуч до автомобилот и стартувањето на моторот со тастер е една од најбараните опции кај клиентите, кој веќе се поставува на моделите од секакви класи. При некои од нив таа дури влегува во основното опремување со оглед на тоа што е многу удобно. Сепак, исто така се покажува и како доста опасно.

Експертите од ADAC тестирале вкупно 237 модели од 30 бренда и од ниво 230 се покажале ранливи на напади од хакери, користејќи технологија за ловење на сигнал, која е многу евтина и се продава слободно на интернет. Со помош на оваа технологија крадците го скенираат сигналот, кој го емитува клучот, а потоа го меморираат и го засилуваат за да можат без проблеми да го отворат автомобилот.

Само три модели успеале да се спротистават целосно на хакерскиот напад, а тие се на британската компанија Jaguar Land Rover. Станува збор за електричниот кросовер Jaguar I-Pace, СУВ возилото со средни размери Land Rover Discovery и компактниот кросовер Range Rover Evoque.

Други четири модели исто така имаат добро ниво на заштите, што ги тера експертите од ADAC да излезат со заклучок дека опасноста од напад на автомобилите со пристап без клуч сè уште е многу сериозна.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK