Skoda инвестира и во време на пандемија од коронавирус. Чешкиот производител и официјално го пушти во функција новиот центар за развој на тест и прототип возила лоциран во Млада Болеслав.
Истиот овој центар е опремен со најсовремена технологија и роботика како и бројни решенија за вирутелна реалност која го олеснува процесот на креирање на прототип производи.
“Користењето на тест автомобили овозможува да извлечеме заклучок за бројните технички параметри во раната фаза на развој и да ги извршиме потребните прилагодувања” изјави меѓудругото Јоханес Нефт, членот на одборот за технички развој на Skoda. Тој додаде дека во иднина се планира на годишно ниво да се произведуваат 300 тест возила и 120 прототипови.
Од бројните нумеристики, најпривлечна е таа според која на годишно ниво, со овој центар, Skoda ќе заштеди приближно 1.800 литри гориво, што придонесува и до намалување на штетите емисии на јаглероддиоксид до пет тона.