Сообраќајната култура на нашиве простори е н адоста ниско ниво, па секојдневно гледаме луѓе како преминуваат улица на необележани места, на црвено, но се повеќе и со мобилните телефони во раце. Не само што не внимаваат на сообраќајот туку истовремено се движат и типкаат на својот телефон.
Главниот град на БиХ, Сараево реши да ги предупреди возачите за ваквите пешаци, па постави знак за „зомби шетачи“.
На излезот од паркингот пред Парламентармното Собрание е поставен нов знак кој ги предупредува пешаците и возачите на новиот тренд. Некои и не се свесни дека оваа безначајна ситуација може да предизвика голема несреќа.
Инвентивните Босанци се надеваат дека барем малку ќе придонесат за нормално однесување на пешаците. Дека одењето и пишување на телефон без да се забележува што се случува во околината постојано предизвикува несреќи. За тоа зборуваат и бројните видео записи на социјалните мрежи како опомена за сите оние што не ја сваќаат сериозноста од овој проблем.
Па и кај нас во Македонија има многумина што се однесуваат како зомби. Секогаш главата е надолу, рацете на телефон и само типкаат, и истовремено минуваат улица. Можеби вакви знаци треба и кај нас да се постават. Само што тие веројатно ќе треба да бидат на повеќе места, а не само на едно како во Сараево.