Интересна стратегија: Сакаш да купиш Nissan? Пробај бесплатно прво Toyota RAV4!

ОБЈАВЕНО НА:

Несекојдневна понуда од Nissan наменета за потрошувачите во САД – нуди бесплатно тест возење на Toyota RAV4.

Целта за употребата на оваа неконвенционална и доста ризична стратегија е да се овозможи купувачите на направат споредба помеѓу Nissan Rogue и конкурентот Toyota RAV4 и при тоа да се убедат во подобрите перформанси на Нисановиот модел.

“Знаеме дека нашите купувачи го споредуваат новиот Rogue со RAV4, а истите се изненадени од нашите стандарди, напредна технологија, премиум дизајн, како и елосната вредност” изјави Џуди Велер, директорот за продажба и регионални операции на Nissan.

Инаку новиот Nissan Rogue во САД се продава по почетна цена од 25.650 долари што е за 400-тина долари помалку од Toyota RAV4. При тоа оваа верзија под хаубата доаѓа со 2,5 литарски бензински мотор со 181 КС.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK