Индијците ќе произведуваат електричен хиперавтомобил со 1.000 КС

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Mеnа Mеtаl Mоtоrs од Индија го претстави новиот проект за хиперавтомобил на струја со моќност од 1.000 коњски сили. Чудниот електричен автомобил на прв поглед е наречен Azani и претстави исклучително интересни карактеристики, барем на хартија.

Според неговите креатори, тој смета на електромотори, кои генерираат 1.000 коњски сили и максимален вртежен момент од 1.000 њутн метри, кои се доволни за забрзување од 0 до 100 км/ч за нешто над 2 секунди.

Максималната брзина е точно 322 км/ч. Благодарение на батеријата со капацитет од 120кВч, Аzаni ќе може да помине 523 километри со едно полнење.

Од компанијата откриваат уште дека хиперавтомобилот смета на алумиумска шасија, која може да служи и за други модели, а благодарение на модулната конструкција, моделот ќе зачува околу 25% од производствените расходи. Веќе се примаат и предвремени нарачки, а уште не се соопштува кога ќе биде виден серискиот модел.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK