Hyundаi Motors последните неколку години значително вложува во брендот Genesis. Како премиум бренд, Hyundai цели кон освојување на американскиот пазар како примарен. Во таа насока не се штеди на маркетингот, а тоа го потврдува и последниот потфат со кој Genesis сруши светски рекорд.
Станува збор за потфат во кој учествуваа 3.000 дронови со чија помош е поставен нов светски рекорд во симултана контрола на дронови.
Настанот се случил во центарот на Шангај на 29 март, а во воздухот се најдоа точно 3.281 дрон што е значително повеќе од претходно поставениот рекорд. Дроновите во воздух го оформија логото на Genesis како и називот на овој бренд.
Импресивниот потфат може да го погледнете во продолжение.