Има повеќе од 2500 „коњи“, тоа е најбрзото BMW на светот! (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Ако некогаш сте се прашувале колку се моќни шестцилиндричните BMW видеото подолу ќе успее на најдобар начин да ви го долови тој момент. Ова е најбрзиот автомобил со BMW мотор на светот. Наменет е за драг трки и не може да се вози на автопати, но 402 метри (легендарната четвртина милја) ја минува како од шега.

Под хаубата го има редовниот S38 цилиндар, кој се произведувал од 1986 до 1995 година. Само малку модели на BMW го имаат тој мотор, а најзначајниот беше M5 E34, кој се произведувал од 1988 до 1995 година.

Зависно од конфигурацијата во стандардната верзија има зафантнина од 3,5 или 3,8 литри, но во моделот М5 развива 315 коњски сили и 360 Nm вртежен момент.

Не е познато дали во овој случај е зголемена зафатнината на моторот, но се знае дека користи прилагоден блок на мотор и други делови по мерка вклучувајќи го и масовниот турбо полнач. Не се знат точната сила на моторот, но таа е поголема од 2500 коњски сили.

Оваа „ракета“ на тркала дистанца од 402 метри ја минута за 6,51 секунди со брзина од 346 км/ч. Не е лошо за мотор кој во стандардна верзија датира од осумдесетите години.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK