Има голема побарувачка, ама Volvo нема да ги намали цените на ЕВ

ОБЈАВЕНО НА:

Шведската компанија Volvo тврди дека има голема побарувачка за своите електрични возила, но Volvo нема да ја следи Tesla во намалувањето на цените на своите целосно електрични возила.

Извршниот директор на шведската компанија, Џим Роуан, во разговор за Ројтерс, вели дека тие немаат намера да ги намалат цените. „Не гледаме (намалување на цените) во овој момент. Побарувачката за нашите (електрични возила со батерии) е најголемата што некогаш сме ја виделе, вели тој.

Ставот на Volvo доаѓа откако Tesla ги намали цените на своите модели до 20 отсто, започнувајќи, како што некои велат, сеопфатна војна за цените на ЕВ, при што Ford го следеше примерот и ја намали цената на својот целосно електричен Mustang Mach-E за до 5.900 американски долари, Lucid нуди огромни попусти и VinFast планира промоции на своите производи кои допрва треба да се испорачаат од Виетнам.

Што се однесува до Volvo, неговата светска продажба на plug-in возила тројно се зголеми во 2022 година, при што целосно електричните модели сочинуваат 20 проценти од вкупниот обем на продажба – рекорд за европскиот производител на автомобили поддржан од Geely.

Меѓутоа, Volvo продаде 12% помалку автомобили во својата линија, која вклучува модели на бензин и дизел, и очекува 2023 година да биде „уште една предизвикувачка година“, бидејќи во 2022 година доживеа проблеми со синџирот на снабдување поврзани со COVID во Кина.

Volvo не е единствената автомобилска компанија која изјави дека ќе се спротивстави на намалувањето на цените за своите ЕВ. Извршниот директор на VW групацијата, Оливер Блум, рече дека немаат планови за намалување на цените, велејќи дека групацијата се фокусира на доверливоста.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK