Мет Ленард Рибринг има 97 години и само што си купи нов Ford Mustang V8 во Шведска. Ленард е еден од првите луѓе во Шведска што го купил оригиналниот Mustang во 60-тте години од минатиот век, и сега по 50 години си се почасти со нов V8 убавец.
„Се вљубив во првиот Mustang кога се појави и оттогаш посакував уште еден. Се чувствуваш како крал на патиштата. Можеби нема уште долго да живеам. Затоа сакам да ја искористам шансата, да уживам и да возам. Ова е вистинската работа, изјави Ленард.
Тој е роден во 1919 година, и својата возачка дозвола ја добил кога наполнил 18 години, во 1937 година. Денеска е пензиониран бизнисмен кој се уште понекогаш работи како сметководител.
Неговиот син, Михаел кој добивал инструкци од татко му како д аго вози претходниот Mustang, вели дека Ленард се уште е способен за возење и покрај неговата возраст.