Илон Маск повеќе се плаши од Кинезите отколку од Европејците

ОБЈАВЕНО НА:

Илон Маск не наведува одреден бренд, но се плаши од конкуренцијата од Кина.

Tesla е најголемиот продавач на електрични возила во светот, но конкуренцијата станува се поостра. Гигантите како GM, Ford, Hyundai Motor Group или Volkswagen се многу агресивни во овој сектор, но за Илон Маск, големиот шеф на американскиот производител, најголемата конкуренција доаѓа од Кина.

Запрашан за односот на силите и брендот од кој најмногу се плаши, тој не ги спомна европските брендови, туку покажа дека се восхитува на оние од Кина.

„Тие се оние кои работат напорно и најпаметно“, оцени Илон Маск за време на презентацијата на финансиските резултати на Tesla за последниот квартал од 2022 година.

Илон Маск не именуваше ниту еден бренд конкретно, но BYD, Nio, XPeng, па дури и Geely се во офанзива и сакаат да ги освојат европските и северноамериканските пазари. BYD беше вториот по големина продавач на електрични возила во светот во 2022 година со 911.141 возило, наспроти 1.313.851 на Tesla.

На Кина не се гледа само како конкурент на Илон Маск, туку и како важен пазар, втор на Tesla. Тој е најголемиот светски пазар за возила со нулта емисија на штетни гасови особено благодарение на неговите национални брендови.

Tesla ја има и својата најголема фабрика, гигафабриката во Шангај, Кина, каде во 2022 година се произведени повеќе од 710.000 возила, што е повеќе од половина од продажбата на марката.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK