Игор Стефановски заглави во песокот и остана без пласман на 2. трка на Валелунга

ОБЈАВЕНО НА:

Откако освои бодови на првата трка, Игор Стефановски беше на добар пат тркачкиот викенд во TCR Italy да го заокружи со уште еден пласман меѓу оние што освојуваат бодови, но сепак на крајот остана без пласман. На седум минути пред крај на трката Стефановски излета и заглави во песокот по што беше невозможно да продолжи. Во моментите кога се случи тоа Стефановски беше на седмата позиција.

Трката почна не така добро за Иџе и веќе во првиот круг тој од 10 падна на 14 место. Но, брзо стигна поправката, па потоа беше на 12 место а после 6 минути возење беше во Топ-10 на патеката. На таа позиција остана десетина минути, а имаше и заостанување од 3 секунди зад Леонов кој беше пред него.

Но, во 16 минута Волт Рубен имаше проблеми и влезе во боксот, а две минути подоцна и Леонов имаше проблеми и излета од патеката. Така Стефановски беше на 8 место и имаше само 1,8 секуни заостанување зад Балдини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24auto.mk (@24auto.mk)

Но, три минути подоцна во моментите кога Матаијас Вахтел влезе во боксот, Стефановски излета и заврши во песокот. Потоа безбедносното возило излезе на патеката и се задржа речи до самиот крај.

Победник на трката беше Кевин Чеков, пред Анти Бури и Славаторе Тавано.
Игор Стефановски остана на шестото место во генерален пласман на TCR Italy со 77 бода.

Следната трка се вози на 25 јули на Имола.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK