Иџе во неизвесност: Може да се поправи автомобилот, или… (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски имаше два различни дена на Монца во рамките од TCR Italy, но после втората трка веројатно многу работи го мачат во однос на тоа како ќе ја продолжи сезоната. Неговиот автомобил е доста оштетен, особено предниот дел па ќе треба да се види дали и колку истиот ќе може да се поправи и дали тоа ќе биде доволно за да остане конкурентен на следните трки.

Во моменти кога Стефановски беше на 8. позиција во група од неколку возачи на рамен дел од патеката при голем абрзина од позади беше „малку поткачен“ од Чехот Курил доволно нашиот возач да излета и да удру во заштитната ограда. За среќа немаше повреди, но возилото беше оштетено и неупотребливо за таа трка.

Веднаш по втората трка Стефановски се јави со видео со објаснување што се случило во тие моменти и колку е оштетен автомобилот. Тој имаше одлична прва трка возена во саботата на Монца каде заврши како четвртопласиран, а на почетокот неколку кругови беше и лидер.

Поради проблеми со автомобилот неможеше да биде доволно конкурентен на втората, бидејќи на возилото му недостасуваше сила за да се носи со другите. Но, и покрај тоа одлично се држеше и беше во позиција и на втората трка да освои бодови. Непромислениот акт на Курил го оневозможи да освои бодови на трката.

Момент од инцидентот кога Стефановски беше удрен од позади.

Втората трка од TCR Italy е на програмата од 4 до 6 јуни на Мисано.

Стефановски ја отвори сезоната во TCR Italy со четврто место на Монца

Следете не и на:

24AUTO NETWORK