Иџе најави одлична сезона: Во Монца ќе стартува од вториот ред!

ОБЈАВЕНО НА:

Нашиот автомобилист Игор Стефановски-Иџе имаше одлична најава за новата сезона во TCR Italy каде веќе на првата трка во Монца ќе стартува од вториот ред. Тој ќе биде „рамо до рамо“ со актуелниот победник од лани, Италијанецот Салваторе Тавано кој на тренингот имаше трето најбрзо време.

Планирани се две трки од Монца, едната утре (сабота) во 13,35, а втората во недела во 10,05 часот. Стефановски е наша единствен натпреварувач во TCR Italy и ќе биде еден од шест „странци“ кои ќе возат на Монца во конкуренција на 26 возачи.

Стефановски имаше за 0,971 секунда послабо време од Ерик Бриљадоре кој еден круг го извозе за 2:08,445 мин. Тој го постигна најдоброто време пред крајот на квалификациите откако излезе на патеката на пет минути пред крајот и постави за 66 илјадитинки подобро време од Матео Полони.

Игор Стефановски е двократен европски првак на ридски патеки, а сега неколку сезони возил на трките на кружни патеки. Лани на трките во TCR Italy, Стефановски настапи смао на неколку поради неможноста да се патува поради пандемијата, но усепа на патеката Валелунга да победи што му беше најдобриот пласман лани. Заврши на 12. место во конкуренција на вкупно 34 возачи колку што се појавија на трките.

Оваа ќе биде четврта сезона за Стефановски во TCR Italy. Покрај него како странци ќе возат и Анти Бури, кој е актуелен шампион на ТЦР Германија, а меѓу останатите попознати имиња се Евгени Леонов (учесник на ТЦР Европа) и Душан Курил од Чешка, кој во 2019 година беше трет на ТЦР Источна Европа.

Од италијанските возачи меѓу позначајните ривали се очекува да бидат Никола Балдан (шампион од 2017 година), Ерик Бриљадори кој лани беше втор, како и Кевин Чекон, поранешен победник на трка од светското ТЦР првенство.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK