Иџе на подиум во Имола на трката од TCR Italy

ОБЈАВЕНО НА:

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски се искачи на пиедесталот на трката од првенството на ТЦР Италија на патеката Имола. Нашиот возач сезонава се натпреварува во првенството на Италија и беше единствениот странец на патеката.

Тој на вчерашната трка не успеа да заврши на целта, а денеска е меѓу најдобрите тројца. ТЦР Италија е послабо натпреварување од претходните сезони кога Иџе возеше на европски првенства, но сезонава кога нема многу можности за возење во странство е важно за секој возач да има што е можно повеќе трки за да се задржи тркачката форма.

Стефановски во еден момент стигна и до второто место, но потоа падна на шеста позиција на средина на трката. Тој стигна до четвртото место, а казната од пет секунди за водечкиот Пелегрини значеше дека тој ќе напредува една позиција и го освои третото место на трката на Имола.

За нашиот автомобилист ова се и првите бодови во италијанскиот ТЦР шампионат, откако ги пропушти првите два викенда.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK