Иако имаат пад во добивката: Вработените на BMW со бонус од 9.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Управата на BMW донесе одлука да исплати годишен бонус од 9,000 евра на своите вработени иако изминатата деловна година забележа пад на нето добивката од 17% споредбено со 2017 година.

Како што пренесуваат германските медиуми, околу 81.000 вработени во германскиот производител ќе добијат бонус од 9.175 евра што е и тоа како повеќе од солиден, пред се споредбено со оној кој го исплати Daimler, а кој изнесуваше 5 илјади евра.

Инаку германскиот производител во 2018 година, заедно со останатите брендови како што се Mini и Rolls-Royce ширум светот остварија продажба од 2.490.664 возила што е пораст од 1,1% во однос на 2018 година, но оваа деловна година забележан е и пораст на оперативните и фиксни трошоци што влијаеше врз порастот на добивката по оданочување.

Изминатата 2018 година значителен пораст е остварен и во однос на продажбата на електрифицирани модели, продажба која порасна за 38,4%.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK