Да се биде сопственик на Ferrari не е доволно само да се има пари. Италијанската фирма внимава многу на тоа кому му продава возила, особено кога станува збор за поексклузивните модели. Постои „етички кодекс“ кој наметнува голем број барања на сопствениците на спортски автомобили од Маранело, вклучувајќи го и третманот на автомобилите и објавите на социјалните мрежи. Прекршителите, без разлика на нивниот статус и состојба, се „избришани“ и им е забрането да купуваат возила со „црното коњче“.
Нов член на црната листа на Ferrari е познатиот пејач Џастин Бибер. Во 2016 година, музичарот станал сопственик на Ferrari 458 Italia, кое му го довери на калифорниското тјунинг студио West Coast Customs да го инсталира комплетот за каросерија наречен Liberty Walk. Освен тоа, на каросеријата се појавија тркала Forgiato Dieci-ECL од 20 инчи, каросеријата беше покриена со Forgiato Blue фолија, а во кабината беше поставен скап аудио систем.
Една година подоцна, Бибер го продаде својот спортски автомобил на аукција за 434.500 долари, но сега Џастин нема да може официјално да купи ново Ferrari. Причината за ставањето на пејачот на црната листа на италијанската марка не е само радикалното преработување на автомобилот, туку и ситуацијата од 2016 година, кога Бибер го паркирал автомобилот во близина на хотелот Монтаж на Беверли Хилс, и не можел да го најде три недели.
Инцидентот бил објавен во медиумите и тоа воопшто не му се допаднало на Ferrari. Заедно со Џастин, меѓу несаканите клиенти на брендот се и раперите 50 Cent и Tyga, актерот Николас Кејџ, боксерот Флојд Мејведер Јуниор и модната манекенка Ким Кардашијан, која во различни периоди исто така го налути Ferrari со непристојниот однос кон автомобилите на брендот.