И во криза – бонус ќе добијат работниците во Daimler

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител на автомобили Daimler иако минатата година забележа намалена продажба поради глобалната криза предизвикана од коронавирусот, сепак, се одлучи на своите работници традиционално да додели годишен бонус.

Германските медиуми пишуваат дека 135.000 работници во фабриките на Daimler во Германија ќе добијат бонус од 500 евра. Ова секако е далеку помалку од претходните години кога бонусите достигнувале и до 10.000 евра. Причината за ова секако е позната.

Daimler соопшти и дека од 1 април активностите во фабриките ќе се одвиваат нормално односно повеќе нема да важи скратеното работно време што беше воведено минатата есен.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK