И Велес добива платен паркинг – цените од 10 до 30 денари за час

ОБЈАВЕНО НА:

Ако ве носи патот во Велес со автомобил ќе треба да внимавате каде се паркирате, бидејќи градот почна да го наплаќа паркирањето. Заврши тест-периодот па отсега за користење ќе треба да платат соодветно на зоната во која се паркирале.

Како што пишува прталот „тирековмирече“, на граѓаните им порачуваат внимателно да ги следат информациите од таблите и точно да ги внесуваат податоците за возилото или да се консултираат со службените лица кои се наоѓаат на паркинг местото, за да биде регистрирана уплатата.

Јавните паркиралишта со кои управува јавното претпријатие се поделени во три зони: А, Б и Ц. * Цената на услугата во зона А е 30 денари за еден час и паркирањето е ограничено на два часа,
* во зона Б е 20 денари за еден час и нема ограничување на паркирање
* во зона Ц е 10 денари од час, нема ограничување на паркирање.
* Дневна паркинг карта од 24 часа за сите три зони изнесува 400 денари.

Во зависност од зоната, дефинирани се цени на паркирање во неколку тарифи. Услугата за паркинг местата ќе се наплаќа од понеделник до петок од 07:00 часот до 23:00 часот по летно сметање на времето, додека во сабота ќе се наплаќа од 07:00 до 17:00 часот.

Повеќе детали кои улици се опфатени со зонското паркирање.
https://veles.gov.mk/informacii_za_nachinot_na_koristenje_na_zonskoto_parkiranje_vo_opshtina_veles/

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK