И тоа е можно: Му пишал казна зошто возел преспоро

ОБЈАВЕНО НА:

Несекојдневна вест доаѓа од САД. Имено, полицаецот Стефан Вилс му напишал казна на возач поради тоа што возел преспоро.

Иако според законските прописи во САД предвидено е казна за ваков вид на условно кажано прекршоци, сепак во пракса многу ретко се користи овој законски пропис за казнување на возачите.

Меѓутоа полицаецот Стефан Вилс се пофали на својот Твитер профил дека на неименуваниот возач на Chevrolet му напишал казна. “Ако имаш возило позади тебе, мораш да се тргнеш на десната лента и да ги пуштиш побрзите возила на поминат” напиша полицаецот на Твитер.

За овој вид на прекршок не е дефиниран точниот износ на казна, но максималната која може да се изрече изнесува 500 американски долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK