И Suzuki со привремен прекин на производството

ОБЈАВЕНО НА:

Ниуту Suzuki не остана имун на проблемите во автомобилската индустрија. Јапонската агенција Никеи објави дека овој производител привремено го стопира производството во две од три фабрики лоцирани во Јапонија.

Одлуката следи поради недостатокот на чипови неопходи за производството на автомобили и при тоа одлуката ќе биде на сила се додека не се надмине кризата со снабдувањето.

Двете фабрики се лоцирани во Шизуока префектурата, едната во Сагара, а другата во Косаи. Тоа значи дека ќе биде стопирано производството на моделите Swift, Solio и Jimny кои досега без проблеми се произведуваа во овие фабрики.

Suzuki е последен во низата производители кои донесоа ваква одлука. Претходно тоа го направија General Motors, Stellantis, Honda, Hyundai, Toyota, Ford…

Следете не и на:

24AUTO NETWORK