И Suzuki греши – Ignis доби „покана“ за вонреден сервис

ОБЈАВЕНО НА:

Моделите на Suzuki се меѓу оние што многу, многу ретко имаат повик за дополнителен сервис поради некој проблем или едноставно ако производителот утврдил дека некој дел треба од превентивни причини да се смени. Но, и „најдобрите“ некогаш имаат проблеми, а сега Suzuki ќе треба да повика непотврден број на возила во светот од моделот Ignis поради проблем.

Во образложението се вели дека „поради неправилниот процес на производство, цевката за довод можеби не е правилно заварена во резервоарот за гориво и може да се одвои. Како резултат на тоа, горивото може да истече кога резервоарот за гориво се полни до врвот, зголемувајќи го ризикот од пожар“.

Моделите на Suzuki Ignis погодени од ова повлекување се произведени од 1 јули до 30 октомври 2020 година.

Решението што би рекле нашите возачи е едноставно – немојте да го полните резервоарот до врв. Но, сепак најдобро е да се почитуваат преораките на производителот.

Повеќе детали за повикот:
Source: Rapex Alert 15/2021 A12/00511/21

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK