И Subaru го исфрла дизелот од својата понуда

ОБЈАВЕНО НА:

Полека, но сигурно дизел автомобилите исчезнуваат од понудата на авто производителите. Низата на скандали поврзани со издувните гасови како и строгите регулативи на WLTP придонесоа бројни производители целосно или делумно ја укинат дизел понудата.

Последен во низата производители кои целосно ќе ја укинат дизел понудата е јапонскиот производител Subaru. Овој производител, како што пишуваат британските медиуми, ќе ги отстранат сите дизелски изведби во својата понуда на пазарот во Велика Британија, со тенденија тоа да го направат и на останатите пазари.

Дури најновите модели Impreza и XV веќе од самото лансирање на британскиот пазар се понудени без дизелски мотор, а на интернет сајтот на официјалниот дистрибутер на Subaru возилата во Велика Британија “исчезнаа” и дизелските изведби на Forester и Outback.

Subaru е последниот јапонски производител кој се одлучи да ги тргне дизел изведбите од својата понуда во Велика Британија. Претходно истото го направија Toyota и Honda, а само пред неколку месеци на ваков потег се одлучи и Suzuki.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK