И ова е вистина: Спорото возење се почеста причина за сообраќајни незгоди

ОБЈАВЕНО НА:

Додека многу земји имаат мака со возачите кои возат пребрзо, во Велика Британија спорото возење станува многу поопасно.

Како што пренесува дневниот весник Daily Star, спорото возење е се поголем виновник за сообраќајни незгоди каде има повредени, па и смртни случаи.

Весникот, повикувајќи се на соопштението на Департменот за транспорт на Велика Британија објави дека минатата година, 26 лица биле сериозно повредени и две почината во сообраќајни незгоди причинети од возачи кои возеле преспоро. Дополнително, 132 лица биле полесно повредени.

“Не сум единствениот изненаден од овие загрижувачки статистики” изјави Хјуџ Бледон, член и основач на Алијансата на британски возачи. Тој во изјава за весникот додаде и дека спорото возење е себично и доста глупо.

Доколку возите преспоро во Велика Британија можете да добиете парична казна од 100 фунти и три казнени поени, но очигледно дека тоа и не го олеснува возењето, па оттука Бледон бара зголемување на казните за овој вид на сообраќаен прекршок.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK