Уште од 2015 година Hyundai Motors срамежливо ги претставуваше плановите за можното отпочнување на производството на својот пикап модел. Сега, по речиси пет години јужнокорејскиот производител и официјално го потврди доаѓањето на моделот Santa Cruz.
Концептот под ова име за прв пат беше претставен на саемот во Детроит во 2015 година, а сега, производството ќе започне уште во текот на следната година.
При тоа истото ќе се спроведува во фабриката на Hyundai во Алабама, САД, каде за проширување на капацитетот и прилагодување ќе бидат вложени 410 милиони американски долари, а ќе бида вработени и дополнителни 1.200 работници.
Покрај во САД, продажбата на Santa Cruz ќе се одвива и во земјите од Латинска Америка како и Европа, а засега не е потврдено дали ќе се продава и на другите континенти.
Дополнително и Kia најави производство на пикап модел, па со потврдувањето на Santa Cruz многу е извесно дека и во наредниот период ќе очекуваме и Kia да го соопшти доаѓањето на својот нов модел.