И најдобрите имаат маани – Mercedes ја повлекува S класата поради грешки

ОБЈАВЕНО НА:

S класата на Mercedes-Benz важи за најдобро возило во светот, но тоа не значи дека нема маани.

Како што пренесуваат германските медиуми, овој производител ќе мора да повлече одреден број на примероци од овој модел и покрај тоа што во неговото производство инвестираше стотици милиони евра.

Причината за ова повлекување лежи во аномалија во споните која може да доведе до сериозни проблеми на управувачкиот систем.

Според официјалните бројки, ваква аномалија има кај околу 1.400 примероци, а производителот веќе испратил известување до сите сопственици во кое се известуваат дека е потребно да закажат термин кај локалниот дилер со цел грешката да биде отстранета.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK