И MAN во проблеми – ја затвора фабриката во Австрија

ОБЈАВЕНО НА:

Не само производителите на автомобили се соочуваат со проблеми. Познатиот производител на камиони и автобуси, MAN, најави затворање на фабриката во Австрија.

MAN Truck & Bus Österreich како што е целосниот назив, во моментов располага со една фабрика во Австрија, во која работат 2.366 лица. Затворањето на оваа фабрика ќе предизвика поголем губиток на работни места бидејќи индиректно вработува 8 илјади работници.

Причините за оваа одлука на германскиот производител, се неповолните трендови на светскиот пазар, неизвесноста поврзана со иднината на моторите со внтрешно согорување, појаватта на нови технологии и слично.

Покрај затворањето на фабриката во Австрија, MAN најави и намалување на работните места во Германија за околу 3.500 лица. Со затворањето на фабриката во Австрија и намалувањето на работните места во Германија, фокусот ќе се постави на фабриката во полскиот град Краков.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK