И Land Rover ќе има нискобуџетeн кросовер (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Индиската автомобилска компанија Tata, која е сопственик на брендовите Jaguar и Land Rover, ја претстави производствената верзија на новиот кросовер – Harrier. Интересно е тоа што концернот Fiat Chrysler Automobiles исто така имаше свој придонес во создавањето на моделот.

Кросоверот има 4598 мм должина, 1894 мм ширина и 1706 висина, а Tata Harrier е направен на поедноставена платформа на компактниот Land Rover Discovery Sport. Индиската творба го доби моторот од FIAT. Тоа е дво-литарскиот турбо дизел Multijet II со две варијанти на моќност од 140 и 170 коњски сили.

Моторот се комбинира со механички и автоматски 6-степен менувач. Во прво време Harrier ќе се нуди само со преден погон, а уште не е јасно дали ќе добие и таков на четири тркала.

Кросоверот има неколку режими на возење кои можат да се сменат во зависност од условите на патот: макадам, суви или мокри патишта.

Tata планира да го извезува моделот во Европа, но првите автомобили кои ќе бидат произведени на почетокот на 2019 година ќе заминат на индискиот пазар. Приближните цени на Harrier за индискиот пазар ќче бидат од 22.500 до 29.500 долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK