И Lamborghini го прескокнува саемот во Париз

ОБЈАВЕНО НА:

Саемот за автомобили во Париз останува посиромашен уште и за Lamborghini. По Nissan, Ford, Mazda, Volkswagen, Volvo, Infinity и Opel, луксузниот спортски производител е само еден во низата на автопроизводители кои ќе го прескокнат овој саем кој се одржува на секој две години.

Причината за ваквата одлука е едноставна, намалување на трошоците, но влијание врз претскокнувањето на овогодинешниот саем има и одлуката што ја донесе Volkswagen за неучество кој заедно со Lamborghini се дел од VW групацијата.

Од друга страна, учеството на овој саем го птоврдија Peugeot, Citroen, Kia, Suzuki, Smart, Hyundai, Toyota, Land Rover, Mercedes и Lexus. Инаку саемот во Париз е закажан за октомври поточно 4. октомври кога ќе бидат отворени вратите за посетителите и ќе трае се до 14. октомври.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK