И Грција ја сака новата фабрика на Volkswagen

ОБЈАВЕНО НА:

По Бугарија, Романија, Србија и Хрватска, и нашиот јужен сосед, Грција влегува во трката за новата фабрика на Volkswagen Групацијата.

Во интервју за националната телевизија на Грција, министерот за развој и инвестиции Адонис Георгиадис изјави дека земјата веќе изразила интерес за новата фабрика.

“Грција е конкурентна земја” изјави Георгиадис потенцирајќи ги предностите на земјата и причините зошто Volkswagen треба да се реши да инвестира во оваа земја.

За потестување, на почетокот на октомври Volkswagen донесе конечна одлука за отпочнување на градежните активности на фабриката во Турција, но поради воената интервенција на Турција во Сирија, а под притисок на стеикхолдерите, Volkswagen донесе одлука за одложување на оваа инвестиција.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK