И Германија попушти: Ќе се воведува ограничување од 130 км/ч на автопатиштата

ОБЈАВЕНО НА:

Познатите делови без ограничување на брзината на германските автопати наскоро ќе бидат отстранети. Германските власти планираат да наложат ваква мерка како дел од стратегијата за намалување на загадувањето на животната средина.

Воведувањето на ограничување на максималната брзина од 130 км/ч е предложено од владиниот комитет „Национална платформа за иднината на мобилноста“.

Стратегијата предвидува и зголемување на акцизите на горивата, намалувањето на даночните олеснувања за дизел автомобили и усвојувањето на квоти за електрични и хибридни возила.

Конечниот список со понудени промени ќе биде завршен во март, а ако тие бидат одобрени, ќе почнат да влегуваат во сила во 2023 година.

Националната платформа за иднината на мобилноста сепак ќе треба да се избори со отпорот на повеќето германски возачи и многу политичари кои ги сметаат местата без ограничување на брзината на германските автопат за национално достигнување.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK