Hyundai започна со производството на i20 N и i20 N Line

ОБЈАВЕНО НА:

Во соопштение за јавноста Hyundai потврди дека започна со производството на N и N Line верзиите од моделот i20. Јужнокорејскиот производител минатата година ја претстави третата генерација на овој модел, а во октомври и официјално го потврди влегувањето на овој модел во N фамилијата.

Како што е познато од претходно, основната i20 N верзија располага со 1,6 литарски трубобензински GDi мотор и во основната верзија доаѓа со 6 степен мануелен менувач. Истиот продуцира 201 КС и 275 Nm обртни моменти.

N Line верзијата доаѓа со 1,2 литарски MPI мотор кој продуцира 84 КС. Исто така оваа верзија е достапна и во 1,0 литарски T-GDI мотор кој доаѓа во две верзи, едната со 100, а другата со 120 КС.

Производството на двете верзии се одвива во турската фабрика на Hyundai, Hyundai Assan Otomotiv Sanayi каде веќе подлого време се произведува основниот i20 модел.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK