Компанијата Hyundai откри интересни детали од истражувањето, кое компанијата го спроведува во однос на идниот развој на автомобилскиот кокпит и можностите на кои би можело да се смета во некој од идните сериски модели на брендот.
„Континуирано работиме на нови технологии, кои можат да ги направат автомобилите перфектни и лесни за користење од страна на возачите“, вели Реџина Кајзер, која е постар инженер во Hyundai Motor Europe Technical Center.
Од Hyundai информираат дека на база на проучувањата спроведени како на сопствеите конфигурации волан-кокпит, така и на тие на конкуренцијата, од копанијата го пронашле проблеот со премногу големиот број на копчиња ако на воланот, така и на целата контролна табла.
Од брендот си имаат поставено за цел да го намалат нивниот број и да создадат исчистена површина, како залог на два екрани кои се чувствителни на допир, кои может да ги заменат целосно познатите во моментов прекинувачи и лизгачи.
Основниот елемент во концептот на новиот кокпит е достигнат во минатата година, кога од Hyundai во воланот интегрираат вибро-систем за повратна врска на командата на возачот, а за целта користат постоечка база на кормилото од моделот i30.