Главниот дизајнер на автомобилите на Hyundai, Лук Донкерволке и шефот за равој, Јанг Унг Чол потврдија дека во компанијата од Кореја во моментов работат на проектот за суперавтомобил. Името под кое ќе се продава новиот суперавтомобил е Genesis, а истиот ќе биде конкуренција за Ferrari и Porsche.
Купето со две места е хибриден модел и е состав од бензинец и „неколку“ електромотори, а со развојот ќе биде натоварен поранешниот шеф на BMW, Алберт Бирман.
Корејците ја разгледуваат и можноста суперавтомобилот да биде пуштен на пазарот како посебен модел надвор од гамата на Genesis.
Информациите уште од 2016 година дека Hyundai разработува суперспортски автомобил засега не се остварија. Тогаш се сметаше дека тоа возило ќе биде аналогно на Lexus LFA и Honda NSX.