Hyundai официјално го претстави Bayon

ОБЈАВЕНО НА:

Јужнокорејскиот производител и официјално го претстави својот најнов модел – кросоверот Bayon наменет специјално за европскиот пазар. Називот на овој модел потекнува од францускиот град Бајон со што продолжува традицијата на Hyundai во именување на моделите по име на град.

Bayon во понудата на Hyundai ќе се позиционира како најмал кросовер кој е дел од Б сегментот. Оттука должината изнесува 4.180 мм, ширината 1.775 мм додека пак висината 1.490 мм. Меѓуоскиното растојание изнесува 2.580 мм.

Дизајнерската филозофија е препознатлива, а Bayone може да се каже дека е инспириран од новата генерација на i20, пред се од технолошки аспект.

Технолошки овој модел ќе биде инспириран од моделот i20, а во понудата, меѓудругото, ќе биде достапен со 1,0 литарски трицилиндрен турбо бензински мотор со 120 КС. Во понудата место има и за хибридната верзија со 48 волтен погон. Истата оваа верзија доаѓа со 1,2 литарски бензински мотор кој продуцира 84 КС како и за 1,0 литарски бензински мотор со 100 КС.

Hyundai Bayon

Bayon во понудата на Hyundai ќе се позиционира како најмал кросовер кој е дел од Б сегментот. Оттука должината изнесува 4.180 мм, ширината 1.775 мм додека пак висината 1.490 мм. Меѓуоскиното растојание изнесува 2.580 мм.

Како во надворешностаа така и во внатрешноста воочлива е дизајнерската филозофија на Hyundai која се употребува кај последните модели. Во внарешноста доминира 10,25 инчниот дигитален кокпит и исто толку инчниот мултимедијски екра. Тука е и ЛЕД амбиенталното осветлување, ергономските седишта со грејачи, задната делива клупа…

Во производство овој модел ќе влезе уште оваа година поточно кон крајот на оваа пролет. Ќе се произведува во фабриката Hyundai Assan лоцирана во близина на Измит. Во сите европски земји, Hyundai се очекува да го дистрибуира овој модел кон крајот на летото годинава.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK