Hyundai не застанува – го најави новиот модел Custo

ОБЈАВЕНО НА:

Hyundai има големи амбиции кои ниту пандемијата на коронавирусот не ги спречи. Изминатите две години претстави бројни новитети, а истите не запираат тука. Последен во низата новитет е MPV моделот Custo за кого објави тизер фотографии.

Се работи за модел кој за прв пат во понудата на јужнокорејскиот производител ќе дебитира кон крајот на оваа година, а ќе се продава исклучиво на пазарите во Азија. Постои можност да се појави и на американскиот, австралискиот и јужноамериканскиот пазар, но овие информации се на ниво на шпекулации.

Со рендерот, Hyundai ги објави и првите официјални технички карактеристики. Така должината ќе изнесува 4.950 мм, ширината 1.850 мм, висината 1.734 мм додека пак меѓуоскиното растојание 3.055 мм. Потврдени се и двата бензински мотори: 1,5 литарскиот T-GDi и помоќниот 2,0 литарски T-GDi I4 мотор. Во понудата доаѓаат со седум и осум степен автоматски менувач. Првиот мотор доаѓа со 170 КС додека вториот со 236 КС и погон на предните точки.

Во поглед на дизајнот, аплицирана е актуелната дизајнерска филозофија која дизајнерите на јужнокорејскиот производител веќе успешно ја применија кај новите генерации на моделите Tucson и i20.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK