Корејците не сакаат целосно да се потпираат на странски добавувачи за да може побрзо да се надмине кризата. Затоа планираат да развијата и произведат сопствени автомобилски чипови.
Кризата со полупроводници им „ги врза рацете“ на голем дел од автомобилската индустрија и предизвика непоправливи финансиски загуби во износ од неколку милијарди.
Се намалува производството, се укинуваат смени, испораките се со недели и месеци за новите возила. И покрај фактот дека се очекува работите да се подобрат во наредната година, производителите сепак ќе имаат една работа на ум за слични проблеми во иднина.
Токму поради оваа причина, Hyundai размислува да започне со производство на сопствени чипови за нивните автомобилски проекти, што беше најавено од друга компанија. Од таму објаснуваат дека поминал најтешкиот дел од полупроводничката криза, но дека компанијата сепак ќе стори сé за да го избегне.
И покрај проблемите со испораката на чипови, Hyundai успеале да ги зголемат глобалните продажби во 2021 година.