Hyundai ја напушта Русија

ОБЈАВЕНО НА:

Hyundai Motor ќе ја напушти Русија, така тврдат корејските медиуми, повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање. Според корејското издание MBC, преговорите за продажба на фабриката на брендот во Русија се во завршна фаза и во моментов се чека дозвола само од руската влада за одобрување на зделката.

Од компанијата потврдија дека се водат дискусии околу продажбата, но открија дека се уште ништо не е решено. Во четвртокот, претставниците на Hyundai изјавија за Ројтерс дека компанијата разгледува различни сценарија за иднината на нејзиниот бизнис во Русија, но во моментов нема јасно потврдена опција.

Корејската марка престана со работа минатата година заедно со многу други марки на автомобили и дури тогаш отпуштија стотици работници. Hyundai и Kia се меѓу 10-те најголеми производители на автомобили и произведуваат околу 200.000 автомобили годишно во Русија, или околу 4% од нивниот вкупен производствен капацитет.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK