Hоtсаrs: Најбезбедните брендови се од Јапонија и Германија

ОБЈАВЕНО НА:

Секој сопственик на автомобил претпочита брендови проверени на време со добра репутација. Сега може да погледнете едно истражување на hоtсаrs кое ќе ви ги покаже најбезбедните автомобили во моментов. Се покажува дека според извештајот на  hоtсаrs дека најбезбедните брендови на автомобили се два од Јапонија и еден од Германија. Станува збор за Mаzdа, Subаru и BMW.

За да се дојде до овој заклучок, експертите ги тестираат сопирачките, воланот, удобноста, безбедноста и економичноста на гориво, а предвид го земаа бројот на дефекти на 1.000 автомобили.

Mаzdа

Според истражувачите тоа е најбезбедниот бренд за 2021 година. Производителот нуди мала палета на дизел, бензин, електрични и хибридни модели, но, сепак, сите тие се добро испитани за со тек на времето. До голем степен безбедноста на овие автомобили се должи на непрекинатото подобрување на технологијата SkyАсtiv, патентирана од Mаzdа. Не е без значење и фактот дека каросериите на моделите се изработе од алуминиум, а основните делови од челик со ултра-висока цврстина на истегнување. Оваа комбинација дозволува да се комбинираат агилноста и стабилноста при високи брзини.

BMW

Недалеку од Mаzdа во класификацијата за безбедност е BMW. Производителот од Германија се фокусира повеќе на луксузот и производството поради што автомобилите на брендот често се скапи за одржување. Меѓу моделите на брендот е одличен и еден веќе стар модел – Е-90 3-Sеriеs. Просечно автомобилите на брендот можат да поминат над 300.000 километри без никакви проблеми.

Subаru

Треба да се насочи вниманието кон моделот Fоrеstеr. Тој е компактен СУВ, кој производителот го има претворено во вистински здрав и безбеден автомобил. Располага со погон на сите тркала и нуди одлично управување и безбедност. Теренецот располага со прилагодливи фарови, автоматски долги светла и 6,5-инчен сензорен екран.

Оваа година се појави и еден нов продукт на кој внимание му посветуваат и составувачите на ова рангирање. Станува збор за Subаru Аsсеnt 2021. Користејќи го овој модел како пример, компанијата покажува дека ги слуша повратните информации од клиентите.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK