Honda Urban доаѓа во Женева

ОБЈАВЕНО НА:

Како што и се најавуваше минатата година, јапонскиот проиводител Honda на саемот во Женева ќе го претстави својот прв целосен електричен автомобил Honda Urban.

На саемот во Женева кој ќе се одржи во март годинава компанијата ќе го претстави концептното возило, додека на саемот во Франкфурт во септември годинава ќе биде претставена продукциската верзија која во продажба ќе се појави на почетокот на 2020 година.

Инаку овој модел е развиен на целосно нова плаформа која Honda ќе ја користи и кај електричната изведба на Jazz. Карактеристично за овој модел е напредната технологија вградена во внатрешност акаде пак доминира големиот екран осетлив на допир.

Како најголеми ривали на европскиот пазар овој автомобил кој е за 10 см помал од актуелниот модел Jazz, ќе ги има електричните изведби на Skoda Citigo, VW Up, Citroen C1, Opel Corsa и Peugeot 208.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK