Honda со целосно нов СУВ во Европа и Кина во 2023

ОБЈАВЕНО НА:

Европскиот оддел на Honda ги објави првите детали за целосно новиот SUV што компанијата ќе го лансира следната година. Истиот е планиран за Европа и за Кина.

Новиот SUV модел на Honda ќе се вика ZR-V и ќе биде претставник на C-сегментот. Следејќи ја стратегијата за електрификација на своето портфолио, брендот ќе ја лансира својата нова пазарна понуда исклучиво со e: HEV хибриден погон.

Од Honda велат дека ZR-V e: HEV ќе биде позициониран помеѓу HR-V и CR-V и ќе го означи почетокот на новата фаза во електрифицираната иднина на марката во Европа.

Honda исто така објави дека по ZR-V e: HEV, европските потрошувачи можат да очекуваат други нови електрифицирани SUV понуди. Се претпоставува дека ќе има 1,5 литарски бензински мотор наменет за Кина, а во Европа ќе се нуди до хибридната верзија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK