Европскиот оддел на Honda објави дополнителни детали за целосно новата генерација на HR-V, која ќе биде лансирана во Европа кон крајот на оваа година. Oд Honda го опишуваат новото HR-V, како минималистичко, инспирирано од купе автомобилите, но имајќи ги сите параметри на актуелните СУВ модели кои се на европскиот пазар во последните неколку години.
Главниот акцент кај новата генерација на HR-V е се разбира неговиот погон, во кој од Honda се имаат потпрено на хибридниот e:HEV двомоторен систем, кој ветува да биде понудена оптимална комбинација меѓу високата ефективност и динамичност, слично на целосно новата генерација на веќе добро познатиот на локалните корисници, Jazz.
Во однос на ентериерот, новата Honda HR-V демонстрира целосна трансформација со полуксузен стил и перформанси, со меки материјали кои се пријатни за окото и раката.
Присуството во внатрешноста на новото HR-V е забележано и во модуларниот и докажаниот како исклучително систем на пазарот Magic Seats за конфигурирање на седиштата, a патниците на задните седишта ќе можат да сметаат на дополнителни 35 мм слободен простор во областа на нозете.
Honda HR-V
Погонот на целосно новото HR-V се напојува со хибриден систем e:HEV двомоторен систем во составот на кој влегуват електромотор и 1.5-литарскиот i-VTEC бензинец со максимална моќност од 311 коњски сили и максимален вртежен момент од 253 Нм. Борд системот работи во три целосно автоматски режим на работа, почнувајќи од електрична енергија, хибридизацаија во тендем при големи оптоварувања, а бензиновиот мотор ја презема иницијативата при возење голема и постојана брзина.
Новата Honda HR-V ќе понуди можност за избор меѓу три главни режими на однесување: спортски, нормален и еко, како и специјален B со поагресивна регенерација на инерциска и сопирачка енергија.
HR-V ќе понуди и типично високо ниво на безбедност за Honda, систем за кој се интегрирани во пакетот Honda SENSING. На бордот на автомобилот ќе можат да бидат откриени системи, како што се избернување на судир со возила и пешаци, автоматско активирање на системот за сопирање, адаптивна круз контрол, систем за спуштање и друго.