Брендот Honda обезбеди најниски трошоци за услуги и гаранции во САД меѓу непремиум брендовите во текот на првите три месеци од користењето, следени од Hyundai, Buick и Toyota, според анализа на We Predict.
Acura е на прво место меѓу лусксузните брендови. Одржувањето на електромобил чини повеќе од тоа на конвенционален автомобил во првите 90 денови, покажува извештајот.
„Ова е така за нормално сервисирање, а не за помош од несреќи. Тоа се платени услуги, а не услуги на нечии клиенти“, вели Џејмс Дејвис, извршниот директор и основач на We Predict, со седиште во Мичиген.
„Ние предвидуваме, собираме и анализираме информации од реалниот свет за милиони поправки на автомобили, одржување, сервисни кампањи и гаранциски дејствија извршени во американски франшици, независни сервисни центри на производителите во САД и други незавнисни сервисни центри и установи“, додава Дејвис.