Некогаш Трабант беше ѕвезда на скромната автомобилска индустрија на Источна Германија како што некогаш се нарекуваше земјата која се спои со Сојузна Република Германија. А Трабант беше автомобил создаден за народните маси.
За да се купи во просек се чекаше 15 години, а во текот на 34 години проиводство содадени се повеќе од три милиони примероци. Сега во последно време Трабант повторно станува вистински хит и постојат многу возил акои се реставрирани и служат за изнајмување.
Ова видео од минатото не враќа во осумдесетите години, а покрај автомобилите интересни биле и фризурите на оние што работеле во фабриките.
Местото на настанот е фабриката VEB Sachsenring Automobilwerke Zwickau, а прикажан е процес на „фино тунирање“ и контрола на квалитетот.