Гринпис бара: Забрана за авио летови ако има алтернатива да се патува со воз

ОБЈАВЕНО НА:

Глобалното затоплување меѓу другото е забрзано поради испуштањето на ЦО2, а како еден од загадувачите на животната средина е авионскиот сообраќај. Ако се намалат дел од авионските летови ќе има и помало ослободување на ЦО2. Ако постои алтернатива во превозот тогаш тоа треба да биде приоритет.

Една третина од најчестите воздушни дестинации во ЕУ имаат алтернатива за патување со воз кој е пократок од шест часа, а забраната на такви летови ќе заштеди ослободување на 3,5 милиони тони јаглерод диоксид, според студијата на Гринпис која повикува на радикална промена на превозот.

Невладината организација го оцени намалувањето на авиосообраќајот како „неопходно“ за да се ограничи затоплувањето на климата на 1,5 Целзиусови степени и повика на зајакнување на железничкиот сообраќај.

Летовите пократки од 1.500 километри претставуваат четвртина од емисиите на гас во европскиот воздушен простор, соопшти невладината организација во студијата нарачана од Институтот OBC Transeuropa.

Според студијата, 51 од 150 најчести кратки летови во Европската унија (без островски врски), или 34 отсто, веќе имаат алтернатива за железница што е пократка од шест часа. Трите најчести врски во ЕУ се Париз-Тулуз, Париз-Ница и Атина-Солун.

Железничката алтернатива пократка од четири часа има кај 21 линија, вклучително и некои меѓународни како Амстердам-Париз, Амстердам-Франкфурт, Брисел-Франкфурт и Париз-Франкфурт, се вели во извештајот.

„Се испушта 10 пати повеќе еквивалент на јаглерод диоксид кога се патува од Париз до Амстердам отколку да се користи воз, а тоа патување може да се направи со воз за помалку од три и пол часа“, рече Сара Фајол задолжената за транспортната кампања. во Гринпис Франција.

Таа рече дека намалувањето на воздушниот сообраќај е неизбежно за да се исполнат целите од Парискиот климатски договор и укинувањето на кратките летови е првиот чекор во таа насока, иако тоа нема да доведе до целосно исполнување на целите од тој договор. .

Светскиот воздушен сектор емитирал 900 милиони тони јаглерод диоксид во 2019 година, што е околу 2,5 отсто од светските емисии.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK