GPS cигнaл ќе им помага на фаровите на Fоrd да го осветлуваат патот (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Возењето во текот на ноќта не е една од најомилените работи на некои возачи, и покрај фактот дека во последните години се гледаат различни нови технологии, кои помагаат за подобро осветлување на патот.

Од сијалиците со блескаво светло, се направи префрлање кон ксенонски фавори, а LED светлата нудат навистина подруг начин на ноќното возење. Технологијата оди секогаш напред, па на возачот сега му е многу полесно да вози ноќе бидејќи патот е осветлен речиси како да е ден.

И покрај ова од Fоrd сметаат дека има место за подобрување на овие технологии и тестираат нов систем, кој го поврзува GPS на автомобилот со фаровите и ги управува. Во теорија технологијата зема информација од навигацијата на автомобилот и на тој начин знае каде и во кој момент фаровите да осветлуваат одредени делови.

Од компанијата, сепак, предвиделе и момент во кој автомобилот може да ја загуби врската и тогаш за насочување на светлината ќе биде користена камера и сензори, кои го отчитуваат вртењето на воланот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK