Од полноќ горивата во Македонија ќе се продаваат по нова цена, и тоа поскапо.
Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-95 и на Еуродизел (Д-Е V) од полноќ се зголемуваат за 0,50 денари за литар, а на бензинот Еуросупер БС-98 а 1,00 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Новата цена на литар Еуросупер БС – 95 ќе биде 82,00 денари, Еуросупер БС – 98 ќе чини 84,50, а Еуродизел БС (Д-Е V) 77,00 денари.
За 1,50 денари поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и литар ќе се продава за 76,50 денари.
Се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 0,065 денари и килограм ќе чини 42,262 денари.