Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,58 отсто.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за еден денар по литар и ќе изнесуваат 70,5, односно 61 денари за литар.
ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за 1,5 денари за литар и ќе чини 72 денари, додека цената на
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за половина денар по литар и ќе изнесува 61,5 денари.
Како причина за намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат намалените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена и тоа за околу 3,794 отсто кај бензинот и за околу 2,287 отсто кај дизелот, како и за 0,043 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.