Со трајно проверување на идеалниот воздушен притисок и состојбата на гумите, се продолжува работниот век и се намалува потрошувачката.
Технологијата оди напред, а од тоа секако сите профитираат. Сега Goodyear ќе има гума која ќе може да издржи многу повеќе од досегашните. Тоа е гума развиена за електрични автомобили кои треба да издржат до 500.000 километри. Тоа е концептната гума Eagle GO од Goodyear, која дебитира на електричниот концепт автомобил Oli на Citroën.
Eagle GO е третата концептна гума на Goodyear развиена во соработка со Citroën. Гумата е создадена со цел да се комбинира ниската потрошувачка со издржливоста и удобноста за електричните автомобили.
Концептната гумена шара користи соединение направено речиси целосно од одржливи или рециклирани материјали и треба да трае 500.000 километри.
Според Goodyear, соединението вклучува сончогледово масло, борови смоли, природна гума и силика од пепел од оризова лушпа. Сончогледовите масла и боровите смоли ги заменуваат маслата добиени од нафта. Целта на Goodyear е постепено да ги укине маслата добиени од нафта во производството на гуми до 2040 година.
Концептната гума вклучува и технологија Goodyear Sight Line, чиј сензор следи широк опсег на параметри на гумите. Оваа технологија веќе се користи за поддршка на возачите и компаниите за лизинг. Со трајно проверување на идеалниот воздушен притисок и состојбата на гумите, се продолжува работниот век и се намалува потрошувачката.