Како поминува времето така и „Golf кец“ станува се попривлечен автомобил, особено за оние кои сакаат малку постари возила. На интернет во меѓувреме се појави еден таков автомобил кој се продава по цена од 25 илјади евра.
Автомобилот кој е огласен од германската компанија Auto Kunze од Франкенберг е произведен на 18 септември 1974 година, а има поминато само 81.661 км.
Располага со четири цилиндрен бензински мотор со 1.093 кубика и само 50 КС. При тоа тука е четиристепениот мануелен менувач.
Екстериерно, може да се утврди дека автомобилот е во целост сочуван, а солидна е и внатрешноста.
Носталгичарите по Golf I сигурно ќе се пресетат на најдобрите моменти со овој автомобил..
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]